Предмет: Доставување на Општински литературен награден конкурс
По повод: Текстилијада 7
Гласен Текстилец во соработка со НУ-У Библиотека „Гоце Делчев” – Штип распишуваат:
ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС
ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ НА ТЕМА:
„ШТО Е ПРАВДАТА?“
Право на учество на Конкурсот, со свои творби, имаат ученици од основните и средните училишта во Штип.
Литературните творби се доставуваат на следната електронска адреса: konkurs2023@glasentekstilec.mk со назнака: За награден конкурс.
Ззаедно со творбата, се доставуваат: име и презиме (на авторот), со неговата адреса, училиште и телефонски број;
За сите учесници темата е: „Правда за работниците“.
Се предвидува да бидат доделени по 3 (три) награди, во две конкуренции:
- за ученици од 6-9 одделение (I, II, III награда);
- за средношколци (I, II, III награда).
Конкурсот трае од 11.09.2023 до 29.09.2023 година.
Резултатите ќе бидат објавени и наградите доделени во просториите на НУ-У Библиотека „Гоце Делчев” во Штип на ден 06.10.2023 (петок) во 16:00 часот.
Во Штип, 08.09.2023 год. од Конкурсната комисија.
Напомени:
- Конкурсот важи само за Општина Штип, останатите пристигнати творби нема да бидат разгледувани оваа година.
- Учесниците на општинскиот литературен конкурс можат да поднесат само по една творба.
Дополнителни информации можете да добиете:
- Електронска адреса: blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk
- Телефон: 075 316 108 (секој работен ден од 10:00 ч. до 13:00 ч.).
Проектот е финансиски поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведска. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип и не ги одразува ставовите на Олоф Палме центарот и Шведска.